EN | MK

Да не беа младите, не ќе ни беа лицата на нас, постарите насмеани. Ќе бевме тажни бидејќи еден ден се ќе се заборавеше. Ќе ги броевме деновите тажни бидејќи повеќе никогаш немаше никој да се сети на нас, на нашиот народ и на нашата духовна традиција.
За среќа тука се секогаш, оние кои прават да постоиме засекогаш. Да чекориме погордо бидејќи во нивните очи гори нашиот дух и како полека но сигурно да им го предаваме целиот, без ни грам сомнеж.

Да дозволиме да не водат, сигурно, гордо и достоинствено во иднината никогаш заборавајќи го она што ние, и оние пред нас го создале и им го оставиле. Да го чуваат вистинското наше, засекогаш драгоцено, никогаш заборавено.

Во рамките на КУД „Дримкол“ - Вевчани, веќе подолго време работат 3 детски фолклорни групи, кои бројат 100 деца, сите поделени според нивната возраст.

Кореографиите кои се работат со децата се прилагодени на нивната возраст и способности, а покрај поставувањето на кореографијата се работи и на градење техника и стил кои се карактеристични за друштвото како и максимална посветеност кон нивно образување и воспитување во духот на културните вредности во своето место на живеење и во сопствената држава, а токму преку почитувањето на своето, децата градат однос и почит и кон другите култури, традиции, вредности.

од најмала возраст се учат како да се облекуваат во народна носија, односно се воспоставува однос, би рекле култ кон носијата, кон накитот, кон реквизитите, кон шминката, фризурата и кон сите елементи кои се составен дел од процесот на негување и презентирање на фолклорното богатство.

На часовите по фолклор децата задолжително носат опрема за играње која ја облекуваат пред почетокот на секоја проба, а се со цел стекнување на работна дисциплина и обврска кон она што значи традиција, култура, уметност.

Детските групи на годишните концерти кои традиционално се одржуваат во населбата, секогаш успеваат силно да ја вознесат и восхитат публиката со своите високи сценски настапи, за кои многупати постигнале големи успеси и биле наградувани на бројните домашни и странски фестивали.