EN | MK

Пејачка група „Каданка“

Песна да запееме, душа да помилуваме, благосостојбата да ја почувствуваме на сиот народ во еден тон, во еден прекрасен глас, кој во себе ја содржи целата болка и жртва на нашиот народ, сите убавини на нашата земја, пред нас да се отслика сонце кое најсилно свети во нашата татковина, засекогаш најсилно. Токму тој, на дарот од Севишниот му Благодариме, што токму нас ни дарувал глас да можеме силно да викнеме, да запееме, срце да стоплиме, засекогаш да помогнеме само на добро да мислиме, дејствуваме.

Се пеело од секогаш, за секогаш, се пеело на свадби, на слави, на поголеми празници, за подоцна сето да прерасне во култ. Први организирани пејачки групи биле „Лазарките“ во Вевчани кои пееле од куќа на куќа за време на празникот Лазара, за подоцна, многу природно и со голема желба да се пристапи кон она што уште повеќе милува душа, пејачката група „Каданка”.

Пејачката група „КАДАНКА“ е формирана есента 2007г.. Имено, тааг. КУД „Дримкол“ одлучи на годишниот концерт кој се одржува секојаг. на 11 јануари, за прв пат да презентира самостојна целовечерна програма без присуство на гости однадвор.

Размислувајќи за пополнување на паузите во текот на концертот кога игроорците носијата ја менуваат, душата за момент ја одмараат, раководството на здружението одлучи да се формира пејачка група која ќе изведува изворни песни.

Идејата беше прифатена со големо задоволство од страна на членовите на КУД „Дримкол”. Групата беше формирана од избрани исклучително талентирани игроорки од првиот состав како и игроорки од ветераните на друштвото со исклучителни вокални и гласовни можности.

Првите членови во пејачката група „Каданка“ беа: Богоеска Наташа, Бебекоска Лепосава, Дуцкиноска Оливера, Шекуткоска Елизабета и Парталоска Даниела кои со висок професионализам ги запеаја и првите песни : „Ајде ќерко во Вевчани“ „Стојно ле стоколе“, „Еј Ѓорушице“.

Вистинско изненадување беше нивното појавување на концертот, а уште поголемо задоволство беше тоа што групата продолжи со работа и после одржување на концертот.

„Каданка“ денес е составен дел на фолклорниот ансамбл. Покрај поддршка на фолклорните ансамбли на сцена преку изведба на песните кои се дел од кореографиите, оваа пејачка група изведува самостојно и своја програма, а зема и активно учество во програмите на сите уметнички целини кои работат во состав на КУД „Дримкол“.

Денес во „Каданка“ работат и машки вокални исполнители кои составот го претворија во мешана пејачка група на ентузијасти - уметници кои со посебна љубов и ентузијазам го негуваат Македонското изворно пеење.

Членови на пејачката група „Каданка“ денес се соло пејачи на Академијата за музичка уметност во Скопје.

Елизабета Шекуткоска

Датум на раѓање:  02.08.1973г.
Член на КУД Дримкол од: 01.09.1987г.
Образование: текстилен техничар

Даниела Маретиќ

Датум на раѓање: 27.05.1982г.
Член на КУД Дримкол од: 10.09.1992г.
Образование: гиниколошко-акушерска сестра

Наташа Кукоска

Датум на раѓање: 28.01.1989г.
Член на КУД Дримкол од: 01.04.1998г.
Образование: етнолог,  антрополог

Викторија Чочороска

Датум на раѓање: 04.08.1994г.
Член на КУД Дримкол од: 01.10.2000г.
Образование: дипломиран соло пејач на популарни жанрови