EN | MK

Претседател на КУД „Дримкол“

м-р Тошо Чочороски

ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ на Тошо Чочороски потврдуваат дeка е роден во Вевчани, Република Македонија во 1978 година. Оженет е и татко на две деца. Неговите контакти се: e – mail t.cocoroski@hotmail.com, тел. број +389 75 / 226 - 185

ОБРАЗОВАНИЕ основно завршува во Вевчани, со средно образование се стекнува во угостителското - туристичкото училиште во Охрид, дипломира на факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Паралелно се запишува на Педагошкиот факултет во Скопје и се стекнува со педагошка доквалификација за наставник. Во 2016 година магистрира на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид на насоката Менаџмент во угостителство и се стекнува со звање  Магистер по угостителски науки, а образовниот процес го продолжува на истиот факултет запишувајќи трет циклус – докторски студии.

ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ АНГАЖМАНИ   ги започнува во компанијата Инекс Дрим А.Д Струга на следните работни позиции:

  • Рецепционер  ( 1998-2004 )
  • Менаџер за анимации и конференции ( 2004 – 2006 )
  • Менаџер за храна и пијалок ( 2006 – 2009 )

 Во 2009 година го продолжува својот професионален ангажман во комапнијата Хотел „Силекс“ ДООЕЛ Кратово на работното место:

  •  генерален менаџер ( 2009 - )

Несебично се ангажира во активности  кои се во директна функција за развој на туристичкото стопанство во Р.Македонија преку делување во работата на одредени институции, организации, проекти и тоа:

  • ХОТАМ

- координатор на државните гастро натпревари во Р.М ( 2006 и 2007 ) 
- член на надзорниот одбор ( 2015 - )

  • Стопанска комора за туризам

- член на У.О. и раководител на секторот за хотели и ресторани ( 2007-2009 )
- член на У.О. ( 2013-2015 )

  • Општина Вевчани

- соработник  на градоначалникот за туризам и култура ( 2004 - 2013 )

  • Здружение „Вевчани Инфо турист“ 

- претседател на здружението ( 2010 - )

  • Факултет за туризам и угостителство - Охрид

- стручен соработник по предметот: практична работа ( 2012- 2016)

  • Австриска амбасада, проект: Култур контакт

- предавач на семинарите на тема: форми на соработка помеѓу средните угостителско-туристички училишта и туристичкото стопанство ( 2010 ) 

АНГАЖМАНИТЕ ВО ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА на Тошо Чочороски се многубројни и значајни за формирањето на неговата лична слика во јавноста и придонесот во општеството.
Делува подеднакво добро на две уметнички полиња: Фолкор и театар.
Започнува од најрана возраст во моментот кога желбата за сценско уметничките слики кои ги поседува низ неговите визии сака да ги реализара пред јавноста. Како член на здруженијата – културно уметничките  друштва: Дримкол-Вевчани, Илинден-Струга, Отекс-Охрид остава свој белег на фолклорната сцена во Македонија и пошироко (1984-1997 ), а како  дел од актерската екипа на драмскиот театар во Струга и на Охридскиот народен театар  учествува во театарски претстави и документарни филмови ( 1994-2002 ). Од тука произлегува и потребата за пренос на сопствените искуства врз младите во Вевчани како и желбата за продолжување на традицијата во населбата, а како резултат на таквата работа се  5 авторски  дела, кореографски постановки инспирирани од богатата Вевчанска фолклорна традиција и  4 режисерски остварувања ( 1997 – 2007 ). Ангажманите во областа на културата ги реализира на еден препознатлив и оригинален начин. Ангажманите на Тошо Чочороски во културата се многу сериозни и секогаш професионално изведени па тому затоа се забележува и истакнува неговиот успешен процес на менаџирање во областа на културата и тоа:

  • Координатор на проектот „Вевчани жив музеј“ ФИООМ и фондација Крал Бодуен ( 1997-1999 )  
  • Координатор на проектот „Развој на Општините преку културата“ Министерство за култура на Р.М ( 1999-2002 )
  • Претседател на Здружението - КУД „Дримкол“ Вевчани ( 2000 - )
  • Член на У.О. на фестивалот Охридско Лето ( 2007 - )
  • Основач на Здружението за култура и уметност „Коринтон“ Кратово (2014- )

СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ТУРИЗМОТ И КУЛТУРАТА  Тошо Чочороски иницира и создава многупати досега, не само на државно ниво туку и на меѓународно ниво. Како што велат дека традицијата е она што неможе да се измисли ниту повторно да се создаде, Тошо Чочороски ја користи како алка за создавање блиски врски помеѓу културата и туризмот и потребата од нивно интерсекторско поврзување создавајќи на тој начин производ и ставајќи го истиот  во фунција економските интереси на бизнис секторот и државата воопшто. Ставајќи ја културата во фукнција на туризмот или обратно, со негова помош, поддршка и иницијатива се  креирани активности, настани и проекти кои беа и се многу успешно реализирани и прифатени со позитивни критики од стручната јавност. Како посебни ги издвојуваме проектите каде Чочороски се јавува како директен иницијатор, основач и учесник во организација на:

  • Меѓунарона промоција на македонското културно наследство и презентација на македонскиот фолклор на фестивали и манифестации во: Египет (2002), Велика Британија (2013), Русија (2008), Франција (2012) , Азербејџан (2014), Сардинија (2001), Словенија (2010), Црна Гора (2011), Украина, Полска, Чешка, Литванија, Бугарија, Турција, Србија, Босна и Херцеговина.
  • Иницијатива за повторно воспоставената соработка на фестивалот Охридско лето и Дубровачки летни игри (2013)
  • Манифестациите: Фестивал за народна култура „Пображење“ - Вевчани (2011 - ) „Инексово Културно лето“ - Струга ( 2004 – 2007 ), Манифестацијата „Златни денови“ - Кратово ( 2014 - ), Театарскиот фестивал „Мостови“ - Кратово (2014 - )

ЛИЧНИ СТАВОВИ  И ПРЕПОРАКИ:

  • Почит и љубов кон сопствената професија и сериозен, чесен и транспарентен пристап кон задачите кои произлегуваат од истата
  • Човекот како највозвишено Божјо создание секогаш да остане човек, без разлика на професионалните и другите позиции
  • Зголемено чуство на општествената одговорност кај поединецот  според своите можности и способности во одредена сфера за подобрување на колективното живеење

Водејќи се од ваквите ставови Тошо Чочороски успева да обедини две различни, но во исто време блиски дејности, јасно поставувајќи граница помеѓу нив и секогаш со врвен приоритет на ангажманите  кои произлегуваат од неговата лична професија: менаџер од областа на туризмот и угостителството. Токму како одговор на истото Чочороски вели: „... кога се сака, се се може, а за да можеме треба да имаме љубов и ентузијазам. Го сакам туризмот и угостителството бидејќи се работи со луѓе и за луѓе и тоа од различни држави со различни навики и сите со уште поразлични барања. Да се направат сите тие луѓе среќни и задоволни  е  навистина уметност. Е токму тоа сум јас, менаџер по туризам и угостителство, а уметник во душа. Кога стресот од професијата човек има прилика и можност да го амортизира со душевна храна како што е културата и уметноста е навистина благодет. Му благодарам на Бога за тоа...“