EN | MK

(Галерија)

Во текот на своето долгогодишно постоење Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ е учесник на бројни манифестации, смотри, хуманитарни настани како и целовечерни концерти во нашата држава освојувајќи  бројни награди и признанија меѓу кои би ги издвоиле:

- Фестивал на народни песни и игри во Битола одржан во рамките на 11 октомвриските свечености во 1947 година со доделена диплома на играорната група од Вевчани, оценета од специјалната фестивалска комисија како многу добра и пофалена,
- Учество на Фестивалот  за изворен фолклор „Гајда“ – Ињево, Радовиш 2002 година со освоена прва награда за женска носија и изведба, и прва награда за екипен настап,
- Учество на Републичкиот Фестивал на народна песна и игра „Илинденски Денови“ во Битола со освоена награда за најуспешна група која презентира новопоставен, обработен фолклор инспириран од изворниот во 2003 година,
- Концертен настап на „Охридско лето“  во Охрид, 2003 година,
- Целовечерен концерт на КУД  „Дримкол“ во Универзална сала во Скопје во 2005 година,
- Концертен настап во Музеј на Македонија, Скопје во 2005 година,
-  Ревија на народни носии Струга, 2006 година,  освоена прва награда,
- Концерт на Мегалитската опсерваторија Кокино во  2006 година,
- Учество на Републичкиот фестивал на народна песна и игра „Илинденски Денови“ – Битола, 2007 година со добиена диплома за најуспешна група која презентира изворен фолклор,
- Учество на Денови на македонската народна носија, Кривогаштани 2007 година, освоена прва награда, 
- Учеството на Републичкиот Фестивал на народна песна и игра „Илинденски денови “- Битола каде се освоена награда за најдобра кореографија „Вевчанска Лазара“ од авторот Тошо Чочороски,
- Учество на Меѓународен фестивал на изворен фолклор „Тодорица“ – 2008 година, освоено трето место,
- Учество на Фестивалот на народни песни игри „Илинденски денови“ – Битола, 2009 година, освоена прва награда за автор на „ Вевчански василичари“  од авторот Тошо Чочороски,
- Учество на Фестивалот на народни песни игри „Илинденски денови“ – Битола, 2009 година, освоена прва награда за сценски настап,
- Учество на Фестивалот на народни песни игри „Илинденски денови“ – Битола во 2013 година, освоена награда за најуспешна група што презентира новопоставен обработен фолклор инспириран од изворниот,
- Учество на фестивалот Х – DANCE во Струга, освоен Лауреат прва степен, прва награда во категоријата за традиционални танци 2013 година,
- Учество на фестивал Х – DANCE  Струга, 2013 година, освоена ГРАН ПРИ награда
- Целовечерен  концерт „Свадба македонска“ во Македонски Народен Театар, 2013 година,
- Целовечерен концерт „Едно видување еден век“  во Македонски Народен Театар, 2015 година,
- Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ Долнени, Прилеп 2016 година,
- Учества на Балкански фестивал на народни песни и игри во Охрид.