1. Вевчанска Лазара
Сценска адаптација: Тошо Чочороски
Музичка обработка: Перо Пешиноски
Машка и женска игра настаната по мотиви на верскиот празник Лазара кој се празнува во Вевчани. Карактеристично е што празникот Лазара само во Вевчани се празнува како Машка Лазара во петок и Женска Лазара во сабота. Инсприран од сеуште во добра автентична форма зачуваните обредни активности при празнувањето на овој празник во Вевчани, авторот создава една специфична, автентична сценска адаптација.
Играта е резултат на познавањето на автентичниот материјал, доживувањето на народната уметност на сцена преку пренесување на личен уметнички печат во творечкиот процес, притоа водејќи сметка за автентичноста, во голема мера авторот создава и прикажува јасна слика за значењето и празнувањето на овој празник. Преточена во сценска адаптација празникот е прикажан во неколку сцени. Поставената игра според намената припаѓа во групата на обредни игри што значи дека се изведува во строго утврдено време, место и број на учесници, со специфични реквизити - кошница за собирање на даровите, најчесно јајце и пара, и сабја или меч, и правилен утврден ред при самото изведување на играта. Според половата разлика орото најпрвин го играат играорци од машка полова структура, каде што го симболизира празникот Машка Лазара кога момчињата ден пред Лазарева Сабота, во петокот оделе од кука во куќа и пееле пригодни обредни лазарски песни.
Во себе вклучува пригодни песни и чекори карактеристични за пределот од каде потекнува. Се игра во празнична моминска и празнична машка Вевчанска носија, а се користат и соодветни реквизити со цел поавтентична сценска адаптација и игра.
2. Женско чамче
Кореографска обработка: Рафе Жиковски
Музичка обработка: Емил Селим
Женско оро, во придружба на традиционални инструменти.
Играчкиот образец е претставен со бавни чекори исполнети со грациозност, смиреност и со достоинствени движења, прикажувајќи ја убавината, патријархалноста и смиреноста на мијачката жена. Ова женско оро се изведува во Мијачка народна носија од селата Папрадиште и Смилево.
3. Ѓурѓовденски песни и ора од Вевчани
Сценска адаптација: Тошо Чочороски
Музичка обработка: Перо Пешиноски
Мешана игра преку која авторот визуелно го доближува и прикажува празнувањето на празникот Ѓурѓовден во минатото во Вевчани користејќи пригодни песни и чекори кои се пееле и играле за овој празник. Врз мелодијата од песните се поставени играорните обрасци претворајќи ги во автентична сценска адаптација.
Поради зачувување од целосно изумирање, сценска примена на елементите од народното празнување најде и празникот Ѓурѓовден. Авторот адаптира кореографија на народна игра, базирана на мотиви и драмски елемени од народното творештво во Вевчани.
За означување на почетокот на сценското решение е кревањето на селската литија одосно кревањето „керсти“. Како музички рецидиви од едно минато време авторот чувствува потреба да
ги прикаже ората и песните „Шила Ѓурѓа“ притоа во голема мера водејќи сметка за автентичноста и оригиналноста на истите. Орските и вокалните изведби се со музичка придружба од гајда, тапан и зурла.
Облековниот инвентар е оригинален. Целата игра е проследена со карактеристични драмски дејствија карактеистични за празнувањето на овој празник во Вевчани.
Општествено-социјално дефинираната предност на машките играорци во однос на женските е прикажана на јавната социјално-морална сцена – соборот. Орото припаѓа во категоријата на традиционални ора со мешана полова структура. Во сценската адаптација е запазена машката полова доминантност преку орото „За рамо“ кое во Вевчани е пренесено како резултат на присуството на гајдаџии од околината за време на празниците, оро кое машките играорци играат во преден план додека женските на истата мелодија играат посмирени женски чекори со решение во изведба на чекорите, односно играчките обрасци во полу-затворена и затворена форма на круг, прикажувајќи ја и споредбената улога на жената во играта - поставена во задната половина на орото, играјќи заедно со мажите без поголеми скокови, вртења или посложени обрасци кои припаѓаат на машката категорија играорци.
Целокупната адаптација тежнее кон нагорна линија, кон својата кулминација и завршница задржувајќи го не само културно-историскиот туку и естетскиот аспект прикажан преку габаритноста на народната носија во празнични прилики.
4. Копачка – Изворно народно оро
Поставил на сцена: Јовица Блажевски
Копачка е изворно машко оро кое според класификациите спаѓа во категоријата на соборски ора.
Потекнува од етнографскиот предел Пијанец, односно С. Драмче, Делчевско. Како карактеристично се издвојува по начинот на игра на цело стапало, по брзиот ритам и инструмените на кои се свири ова оро, односно тапаните. Во орото се вклучени четири играчки обрасци превземени од четири ора „Шетаница“, „Ситно“, „Префрлачка“ и „Копачка“.
5. Вевчански василичарски ора
Сценска адаптација: Тошо Чочороски
Музичка обработка: Перо Пешиноски
Оро во кое во изворна, автентична форма се пренесени изворните мелоси, чекори, техники и обреди кои и ден денес се играат за празникот Св. Василја. Потекнува од Вевчани, а според содржината и намената спаѓа во категоијата на обредни игри под маски.
6. Глувонемото ( к`лц нога )
Сценска адаптација: Снежана Балканска
Женска игра која се изведува без музичка и вокална придружба.
Ударот на нозете и звечењето на накитот создава ритам кој со самиот тек на играта се забрзува во согласност со движењата. Ова е женска игра која се играла на денот на свадбата на невестата. Ударот на нозете симболизира стабилност, конентрацијата и бавното темпо која се чувствуваат при изведбата симболизираат смиреност и почит кон новиот дом и новата фамилија.
7. Истерување на чумата
Кореографска обработка: Тодор Јованов
Музичка обработка: Тодор Јованов
Стилизирана обредна мешана игра инспирирана од болеста чума која во минатото била пренесувана од глодари и болви, а честопати луѓето и придавале натприродни сили и моќи. Се изведува во традиционална носија од Овчеполскиот регион.
8. Вевчански свадбени обичаи
Сценска адаптација: Тошо Чочороски
Музичка обработка: Перо Пешиноски
Мешана игра во која преку драмски дејствија, игри и песни е претставена Свадбатакако еден од најважнитемоменти во животот на секој човек, содржејќи ги во себе сите значајни елементи, обичаи иобреди на премин кои се карактеристични за Вевчанската свадба.
При постановка на играта се користени песни и игри кои се играат и пеат за време на вевчанските свадби.
9. Водарки
Кореографска обработка: Блаже Палчески
Музичка обработка: Ѓорѓи Димчески
Соборска женска игра во која е прикажан еден дел од секојдневието на македонската жена, односно одењето на вода на селската чешма.
Играта е составена од повеќе елементи и од ораи игри од различни региони во Македонија.
Во играта се застапенипоголем број на елементи од источна Македонија, а најчесто се изведува во народна носија од Долни Полог.
10. Драчевка
Кореографска обработка: Атанас Коларовски
Музичка обработка: Трајко Прокопиев
Оро кое потекнува од пределите Скопска Блатија и Скопска Црна Гора. Се изведува воваријанти наносии од истиот крај. Со играта е представена веселбата, радоста на селскиот собор преку драмски дејствија, ритмични песни и игри и специфични стилски карактеристики за игрите од северното играорно подрачје.
11. Еремја
Сценска адаптација: Наташа Кукоска
Без музичка придружба
Сценската адаптација насловена „Еремја“ спаѓа во категоријата на детски игри со обреден карактер. Ја изведуваат играчи, деца од мешана полова сруктура. Играта претставува реконструкција и сценско адаптирање на традиционалните доживувања и однесувања за време на изведувањето на обредните практики за празникот Св. Еремија. Орото има едноставна играорна форма, движејќи се по пат на кружница со изведување на едноставни чекори со потскоци. Сцената ја претствуваат Вевчанските улици, а движењето на играорците низ сите координатни точки го претставуваат обиколувањето низ нив со цел да се изгони лошотијата. Образувањето на две помали кружни форми, или крукчиња го означуваат горното и долното маало на селото.
Реквизитата која се користи за доловување на автентичноста, тенџериња, разни звонци и сл. претставува и своевиден оркестар за играта, нема инструменти, чекорите се настанати врз мелодијата на самообразувачките звуци.
12. Битолски игри
Кореографска обработка: Стојанче Каранфилов
Музичка обработка: Милан Зафков
Оваа игра во себе вклучува делови од ората „Беранче“, „Буфчанско“, „Пајдушко“, „Беда“, „Гајда“,какои ороводната песна „Отишла Јана на нива“. Се изведува во традиционална носија од Битолскиот регион.
13. Водичарки
Сценска адаптација: Светлана Ќириќ
Музичка обработка: Драган Даутовски
Игра инспирирана од женските обредни поворки кои одат од куќа до куќа и пеат пригорни обредни песни чија цел е да донесат здравје и бериќет за секој член на семејството во дадената година.
Водичарки е сценска адптација на обичаи врзани за празникот Водици, односно Св. Јован во пределот Скопска Блатија, с. Булачани.
14. Копачија
Кореографска обработка: Стојанче Каранфилов
Музичка обработка: Милан Зафков
Мешана игра која името го носи од пределот од каде и потекнува, Копачија, област околу градот Кичево. Играта во себе ги вклучва и ората „Свекрвино“ (женско оро), „Малесора“ (машко оро), „Крстачко оро“, „Четворла“ и песната „Ангелино моме“.
15. Додолки
Сценска адаптација: Наташа Кукоска
Без музичка придружба
Сценска адаптација инспирирана од ритуалот „Додоле“, „Ој лилеш“ или „Ојлилешки“кој се изведува во било кое време од годината кога се посакува дожд. Поголема група на девојчиња на возраст од 5 до 15 години се преправаат вододолки и пеејќи пригодни песни се молат да заврне дожд. Едно девојче од групата се издвојува, се облекува во стара женска носија, над онаа што ја носи, секојдневната. Другите девојчиња ја китат со кукурци, на главата и ставаат венец, па ја прскаат со вода која ја носат во „котлиња“ или „ѓумчиња“ па прскајќи ја пеат. Тоа го чинат по сите дворови. Песните кои ги пеат во основа ја содржат молитвата кон Бога да зароси ситна роса.
16. Буките и поседница
Сценска адаптација: Владимир Јаневски
Музика: народна
„Буките“ е градска женска игра додека „Поседница“ машка игра кои потекнуваатод пределите Воден и Меглен, Егејска Македонија. Се изведува во градска народна носија.
17. Мариовска тресеница
Сценска адаптација: Јонче Хростовски
Музичка обработка: Ѓорѓи Димчевски
Стилизирана женска игра чија основа ја чинат чекорите на „Бувчансо оро“. Името на играта се поистоветува со стилот на изведба на самата игра, а како мотив е земен чист понеделник - денот кога жените ги чистеле куќите и се спремале за големите пости.
Играта се изведува во традиционална носија од Мариовскиот регион.
18. Ора и песни од Источна Македонија
Избор на ора и песни адаптирани за сцена: Тошо Чочороски
Музичка обработка: колективна - оркестарот на КУД,,Дримкол,,
Станува збор за сплет од песни и ора кои потекнуваат од деловите на Источна Македонија, односно етничките предели од Шопско-македонската етнографска целина, Пчиња, Источен дел на Славиште, Дурачка Река, Кратовско, Пијанец, Малешево, Овче Поле, предели од Горновардарската етнографска целина Жеглигово, Средорек и Западен дел на Славиште како и дел од Средномакедонската етнографска целина со пределите Азот и Горни велешки села и имаат карактеристики на источното играорно подрачје како силни брзи чекори, според ритмиката, со треперења на цело стапало, држење за појас, за рамо и слично.
19. Mашко вевчанско оро
Адаптирал и поставил на сцена: Тошо Чочороски
Музичка обработка: Славе Кукоски
Инспирација за авторот е мелодијата на орото „Каба“ кое е одомаќинето во Вевчани, се играло на свадби, слави, собири.
Авторот врз мелодијата создава чекори и сценски решенија кое ги преточи во машко оро кое според класификацијата припаѓа во групата на соборски ора. Застапени се стилски карактеристики кои според позицијата на рацете, играчите се фатени за раце, постои комбинација на бавни, цврсти чекори кои подоцна според динамиката на орото се забрзуваат.
20. Невестинско
Сценска адаптација: Трајко Прокопиев
Музичка обработка: Трајко Прокопиев
Сценска адаптација која се базира на мелодијата на традиционалната песна „Прстен ми падна“. Невестинското оро на сликовит начин го прикажува подготвувањето и невестинскиот танц на невестата која е придружена од своите најблиски пријателки т.н „Друшки“. Оваа традиционална игра ја доловува грациозноста, достоинственоста и убавината на македонската жена.
Потекнува од печалбарски предел кој се протега од западниот планински масив до регионот околу Битола.
21. Охридски градски песни и ора
Сценска адаптација: Тошо Чочороски
Музичка обработка: колективна - оркестар на КУД „Дримкол“
Кореографска постановка врз база на песните и ората кои ги пееле и свиреле охридските градски музички тајфи – трубадури во старата охридска чаршија. Се изведува во градска народна носија.
22. Ора и песни од Егејска Македонија
Избор на ора и песни адаптирани за сцена: Тошо Чочороски
Муизчка обработка: колективна - оркестарот на КУД „Дримкол“
Игрите од Егејска Македонија се песни и игри од Јужниот дел на Македонија, познат како Егејска Македонија. Носиите од сплетот имаат географско потекло од каде што се и самите ора. Се пеат песни од повеќе делови на Беломорска Македонија како песните „Крена Мартината“, „Твојте очи Лено мори“. Од машките ора карактеристично е „Машкото оро“ каде се изразува машкоста на играорците, преку бавниот ритам, стабилните и цврсти чекори.Оваа игра според класификациите спаѓа во игрите кои припаѓаат на Јужното играорно подрачје.
23. Поклади
Сценска адаптација: Наташа Кукоска
Музичка обработка: Славе Кукоски
Инспирирана од богатите обреди и обичаи поврзани со празникот Проштени Поклади (Прочка) оваа сценска адаптација изобилува со автентичност. Адаптацијата започнува со прикажувањето на чинот на поклонувањето, барењето прошка од страна на младата невеста и простувањето од страна на родителите. Во обредната игра при нејзиното функционирање е интегрирана и соодветана обредна песна „О керте, керте“ која ја потврдува успешноста и обредноста на истата. Врз мелодијата на веќе споменатата песна се изработени чекори и сценски решенија. За прикажување на автентичноста се користи и реквизита „кертачки“ автентична на онаа која се користи за изведување на самиот обред во практиката. Сценската адаптација ја изведуваат деца, играорци од мешана полова структура.
24. Тропнало оро
Кореографска обработка: Душко ЃеоргиевскиМузичка обработка: Ѓорѓи Димчевски
Мешана игра од машки и женски играорен состав кои преку ората „Тропнало оро“, „Орото почна“, „Старо тиквешко“, „Кавадарка“, „Црногорка“ претставува еден селски собир. Оваа игра претставува сплет од народни игри и песни од Скопската околина. Се изведува во народна носија од овој предел.
25. Свети Вјан
Сценска адаптација: Тошо Чочороски
Инспириран од сета обредна практика при автентичното празнување, авторот дава јасна слика за празнувањето, поставувајќи на сцена една сценска адаптација инспирирана од специфичното славење на овој празник во Вевчани. Играта е насловена „Свети Вјан“. Во неа се интегирани и прикажани голем број обреди и пригодни песни проследени со драмски дејствија.
Карактеристика за оваа сценска обработка е тоа што песните, игрите како и обредните практики се изведуваат во автентична форма односно без оркестар, ората се играат на песни, песните се пеат во моментот на играње, а во изведбата учествува целиот ансамбл, при што се обезбедува најавтентична форма на адаптацијата. Социјалните аспекти во адаптацијата ќе се прикажат и преку облековниот сегмент со носењето на народна носија според возраста. Социјалниот статус е еден од елементите кој ја дефинира и позицијата на играорецот. Во играта е прикажан патријархалниот дух кој сеуште се негува во Вевчани. Песната „Ој девојче, девојче“ е проследена со играчки обрасци кои сликовито го објаснуваат текстот на самата песна. Играта ја изведуваат само машки играчи, задолжително редослено во орото по возраста. Паралелно со овие традициски норми, во играта се појавува и исклучок како резултат на индивидуалните играорни својства, поточно талентот како психолошко-уметничка особина и на машките и женски учесници во играта. Талентот и желбата за игра се наметнуваат како релевантни критериуми за учество и привилегија во играта. При пеењето и играњето не е дозволено некој да погреши во изведбата, затоа што спротивно на тоа следи „пачка“ - казна. Казната може да биде во најразлична форма но најчесто тоа е пиење на чашка ракија или вино наеднаш или на „екс“.
Изведбата на оваа сценската адаптација претставува комуникациски настан помеѓу сите изведувачи, преку мноштво знаци како движења, мимика, гест, говор, песна, создава реконструкција на традиционалните доживувања, однесувања и вредности за време на празнувањето на Празникот Св. Јован во Вевчани.
26. Шопска петорка
Сценска адаптација: Цветко Мицевски
Музика: Кочо Петровски
Стилизирана машка игра која ја изведуваат пет играчи. Името на играта потекнува од популацијата Шопи, кое живее на тромеѓето на пограничните региони на Србија, Бигарија и Македонија.
<27. Ѓурѓовденка
Кореографска обработка: Дојчин Матевски
Музичка обработка: Ѓорѓи Димчески
Ѓурдовденка претставува сплет на народни игри и песни поврзани со најголемиот празник од пролетниот циклус на празници кој се празнува во Македонија, Ѓурѓовден.
Главната тематика на празникот се молитвите за здравје и плодност, а за таа цел девојките и жените играле игри и пееле песни на оваа тема. Мажите се само делумно вклучени. При обработка на оваа игра се користени песни, игри и носија од етнографскиот предел Скопска Блатија.
28. Старо битолско оро
Адаптирала и поставила на сцена: Наташа Кукоска
Музика: Народна
Оро кое го свиреле Битолските чалгии. Женско оро во кое преку бавни чекори се истакнува грациозноста, убавината на една Битолска и Македонска жена. Орото е познато уште како „Вај, Вај Пестреф“. Носијата во која се игра оваа градска игра се градскиносии од типот „ А ла Франга“ кои се носеле во Битола и другите градски средини во почетокот на 20-тиот век во Македонија.
29. Малешевка
Кореографска обработка: Јовица Блажевски
Музичка обработка: Сашо Митев
Малешевка е игра која е инспирирана од богатата фолклорна традиција во Малешевскиот крај.Преку драмска игра е доловен моментот на додворување вклучувајќи ги ората „Беровка“, „Испајче“, „Пантево“, „Малешевка“, како и обработената песна „Јано тенка малешевко“.
Играта се изведува во традиционална носија од Малешевијата.
30. Народно оро
Кореографска обработка: Кирил Бебекоски
Музика: Пеце Атанасовски
Кореогрфска обработка инспирирана од мелодијата на народното оро на доајенот Пеце Атанасовски. Кореографската постановка претставува мешана игра од машки и женски играорен состав и спаѓа во категоријата на соборски ора. Потекнува од етничкиот предел Мариово.
31. Поречки игри
Кореографска обработка: Тодор Јованов
Музичка обработка: Тодор Јованов
Стилизирана женска игра инспирирана од славењето на христијанскиот празник Велигден во етнографскиот предел Порече. Вториот ден на Велигден во поречието се славел со играње на голем број танци, игри кои ги играле исклучиво само жени.
Во Поречките игри во стилизирана форма се вклучени елементи од игрите „кален број мален број“ и „вили самовили“.
32. Кумановка
Кореографска обработка: Јовица Блажевски
Музичка обработка Милан Завков
Кореографска обработка која изобилува со стилски играорни карактеристики карактеристични за северното играорно подрачје. Како женски стилски карактеристики се среќаваат чекори со подтрчувања, високи балансирани чекорења, чекори со подскоци и воопшто една поголема слобода на играчкото-стилско изразување, а за мажите високо балансирани чекори, клекови, вртешки, индивидуална игра. Целата игра изобилува со песни и игри од кумановскиот предел, по што го носи и насловот.
33. Мало преспанско оро
Сценска адаптацја: Наташа Кукоска
Музика: Тодор Трајчески
Женска игра која е направена врз мелодијата на народното мало преспанско оро. Во играта се застапени чекори кои се карактеристични за предолот Мала Преспа, едноставни играчки обрасци, ниски чекори, некои и во форма на заодување, држење на рацете во висина од половината. Се игра во народна носија од етно-пределот Преспа.
34. Два танца
Кореографска обработка: Владо Станоевски
Музичка обработка: Лазо Тропвски
Кореографска обработка инспирирана од богатиот мелос на Овчеполието, Кривопаланечкиот регион. Претставува надигрување на две групи на играчи. Во играта се вклучени и аранжмани во кои се внесени и нови инструменти кои значително влијаат врз збогатување и стилизација на целата игра. Оваа кореографија се игра во народна носија од пределот од каде и потекнува.
35. Белчишко оро
Адаптирала и поставила на сцена: Наташа Кукоска
Музичка обработка: Славе Кукоски
Мешано оро кое потекнува од с. Белчишта Охридско. Според формата на игра ова оро се игра во полукружна форма или полуотворен круг со додавење на лесни чекори кои се обработени врз мелодијата на Белчишкото оро.
36. Касапско градско оро
Адаптирала и поставила на сцена: Наташа Кукоска
Музичка обработка: колективна - оркестарот на КУД „Дримкол“
Охридска градска игра инспирирана и обработена врз мелодијата на познатото
„Касапско оро“. Женска игра која се игра во Охридска градска носија.
37. Кавадарка
Кореографска обработка: Душко Ѓорѓиевски
Музичка обработка: Ѓорѓи Димчески
Машко оро кое потекнува од тиквешкиот регион, Средновардарска етнографска подгрупа.Според тоа од каде потекнува сеодликува соиграорни карактеристики на Источното играорно подрачје. Се карактеризира со динамични чекори, застапени се вртежи, поткопнувања и постепена, брза ритмика со текот на играта. Орото се игра во машка народна од овој регион.