Фестивал на народна култура „Пображење“
Наташа Кукоска
Наташа Кукоска е родена на 28.01.1989 година во Струга . Основно образование завршува во О.У „Страшо Пинџур“ – Вевчани
Средно гимназиско образование завршува во СОУ „Д-р Ибраим Темо“ во Струга, а високоо образование го продолжува на Природно – математичкиот факултет во Скопје , Институт за етнолија и антропологија при универзитетот Св. „Кирил и Методиј“
Од 1998 година е член на КУД „Дримкол“ – Вевчани, каде активно се вклучува во работата и развојот на друштвото.
Од 2003 година асистент, а од 2012 година, раководител на детски фолклорен ансамбл во КУД „Дримкол“.
Од 2004 година е дел од патувачкиот театар „Поклони се и падни“ од Вевчани каде има одиграно во пет тетарски претстави со дебитантска изведба на детската претстава „Црвенкапа и збунетиот волк“ , каде го игра ликот на „Црвенкапа“.
Станува дел од пеачката група „Каданка“ при КУД „Дримкол“ од Вевчани како хорист.
Од 2010 до 2012 волонтира како администратор во туристичко –информативен центар „ Вевчани- Инфо Турист“
2012 година станува член на управен одбор во КУД „Дримкол“ ,
Од 2012 до 2014 година волонтира во Општина Вевчани како координатор за култура,сектор за култура, а истовремено од 2012 година до денес како програмски координатор и администратор и во Здружение КУД „Дримкол“ - Вевчани
Од 2013 година е член на стручна жири комисија , од областа на фолклорот на „Икс Денс“ Меѓународен фестивал во Струга,
Од 2013 година член на стручен совет на фестивал на народна култура „Пображење“ - Вевчани
Од 2015 година е во работен однос во Националната Установа Завод и Музеј – Охрид .
Учествува на семинари за фолклор , зема учество на ревии на народни носии.
На сцена поставила сценски адаптации, кореорафски обработки од областа на фолклорот, ставајќи акцент на вевчанската култура и традиција.
Работела на проекти поддржани од Влада на Р. Македонија за промоија на туризмот во Вевчани
- „Хармонијата помеѓу културата и туризмот во функција на промоција на Вевчани кон светот“ и
- „Вевчанското нематеријално културно наследство, никулец за зачувување на етнокултурниот идентитет“