EN | MK

Фестивал на народна култура „Пображење“

Наташа Кукоска

Наташа Кукоска  е родена  на 28.01.1989 година во Струга . Основно образование завршува во О.У  „Страшо Пинџур“ – Вевчани
Средно гимназиско образование завршува во СОУ „Д-р Ибраим Темо“  во Струга, а високоо образование го продолжува  на Природно – математичкиот факултет во Скопје , Институт за етнолија и антропологија при универзитетот Св. „Кирил и Методиј“
Од 1998 година е член на КУД „Дримкол“ – Вевчани, каде активно се вклучува  во работата  и развојот  на друштвото.
Од 2003 година асистент, а од 2012 година,  раководител на детски фолклорен ансамбл во КУД „Дримкол“.
Од  2004 година  е дел од патувачкиот  театар  „Поклони се и падни“  од Вевчани каде има одиграно во  пет  тетарски претстави  со дебитантска  изведба на детската претстава „Црвенкапа и збунетиот волк“ , каде го игра  ликот на   „Црвенкапа“.
Станува дел од  пеачката група  „Каданка“  при КУД „Дримкол“  од  Вевчани како хорист.
Од 2010 до 2012 волонтира како администратор во туристичко –информативен центар „  Вевчани- Инфо Турист“
2012 година станува член на управен одбор во КУД „Дримкол“ ,
Од 2012 до 2014 година волонтира во Општина Вевчани како координатор за култура,сектор за култура, а истовремено од 2012 година до денес  како програмски координатор и администратор и   во Здружение КУД „Дримкол“ - Вевчани

Од  2013 година е член  на стручна жири комисија , од областа на фолклорот на  „Икс Денс“ Меѓународен  фестивал во Струга,

Од  2013 година член на стручен совет на фестивал на народна култура  „Пображење“ - Вевчани

 Од 2015 година е во работен однос во Националната Установа Завод и Музеј – Охрид .
Учествува на семинари за фолклор  , зема учество на ревии на народни носии.
На сцена поставила сценски адаптации, кореорафски обработки од областа на фолклорот, ставајќи акцент на вевчанската култура и традиција.
Работела на проекти поддржани од Влада на Р. Македонија за промоија на туризмот во Вевчани

  • „Хармонијата помеѓу културата и туризмот во функција на промоција на Вевчани кон светот“  и
  • „Вевчанското нематеријално културно наследство, никулец за зачувување на етнокултурниот идентитет“